• петок, 27 декември 2024

Шолц: За проширувањето на ЕУ да се одлучува со квалификувано мнозинство

Шолц: За проширувањето на ЕУ да се одлучува со квалификувано мнозинство

Берлин, 13 декември 2023 (МИА) – По повод најновото унгарското противење на членството на Украина во ЕУ германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е неопходно со квалификувано мнозинство да донесуваат повеќе одлуки во Европската унија, особено кога станува збор за проширувањето. 

-Јас сум за тоа повеќето одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и оние за процесот на пристапување. Националните парламенти ќе го имаат последниот збор, но една земја повеќе нема да може да го блокира секој чекор, рече германскиот канцелар.

Повеќето земји-членки на ЕУ сакаат на самитот неделава да се донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Украина и да се одобрат десетици милијарди евра натамошна помош за оваа земја поради војната со Русија, но и двата чекора се блокирани од Унгарија, наведуваат британските медиуми.

Шолц додаде дека целта на Западот е да продолжи поддршката за украинската армија со цел да ја зајакне одбраната на Киев до тој степен што Русија „никогаш повеќе нема да се осмели да нападне“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан