• петок, 30 август 2024

Шолц задоволен од резултатите на изборите во Франција

Шолц задоволен од резултатите на изборите во Франција

Берлин, 8 јули 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го изрази своето задоволство од резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција, на кои левичарската коалиција Нов народен фронт (ЛФИ) освои најмногу гласови и 182 места во Народното собрание.

„Здивнавме поради резултатите од изборите во Франција. Се надеваме дека претседателот и новите членови на парламентот ќе успеат конструктивно да формираат нова коалиција, изјави Шолц, пренесуван од британските медиуми.

Според канцеларот „доброто функционирање на Европската унија е можно само со Франција“.

Според прелиминарните резултати, кои рано утринава ги соопшти француското МВР, коалицијата на францускиот претседател, центристичкиот блок Заедно, освои 168 пратенички места, а на трето место е крајнодесничарскиот Национален собир (РН) партија на Марин Ле Пен со 143 пратенички места.

Либерално-конзервативната партија Републиканците освоија 45 пратенички места, десничарската коалиција 15, левиот блок 13, а регионалистите четири пратенички места.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан