• среда, 25 декември 2024

Шолц загрижен поради севернокорејските трупи во Русија

Шолц загрижен поради севернокорејските трупи во Русија

Њу Делхи, 25 октомври 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц ги опиша извештаите за испраќање на севернокорејски војници во Русија како „многу загрижувачки“.

- Тоа не може да се потцени. Тоа, се разбира, е нешто што дополнително ја ескалира ситуацијата, им рече тој на новинарите за време на неговото патување во Индија.

Како што пренесе ДПА, Шолц рече дека овој потег покажува дека рускиот претседател Владимир Путин е во тешка состојба.

- Тоа е исто така причина да продолжиме да се стремиме кон праведен мир и да обезбедиме цврста, сигурна поддршка за Украина, изјави германскиот канцелар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека очекува Русија да почне со распоредување севернокорејски војници од недела или понеделник. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан