• среда, 18 декември 2024

Шолц денеска ќе побара гласање за доверба во германскиот Парламент

Шолц денеска ќе побара гласање за доверба во германскиот Парламент

Берлин, 11 декември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц се очекува денеска да поднесе барање за гласање доверба во парламентот, што е неопходно за распишување нови избори по распадот на коалицијата минатиот месец.

Коалицијата меѓу СПД, Зелените и Слободната демократска партија се распадна, предизвикувајќи блокада на работата на парламентот.

Германските медиуми наведуваат дека очекувањата се дека Шолц ќе го изгуби гласањето, по што ќе биде побарано распуштање на парламентот и нови избори, кои се договорени за 23 февруари 2025 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан