• вторник, 24 декември 2024

Шолц: Германија ќе направи се да одржи добри односи со САД

Шолц: Германија ќе направи се да одржи добри односи со САД

Берлин, 13 ноември 2024 (МИА) - По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц денесак пред пратениците во германскиот Бундестаг рече дека имал добар телефонски разговор со Трамп по неговата изборна победа.

-Мораме да продолжиме да правиме сè за да обезбедиме односите да продолжат да се развиваат добро во наредните децении, без оглед на владата што постои овде или таму, рече Шолц во Бундестагот, каде се обрати неколку дена по распадот на владејачката коалиција и распишувањето на предвремени парламентарни избори.

Канцеларот додаде дека неговата земја нема да ја остави Украина сама пред рускиот агресор.

-Украина може да смета на нашата земја и на нашата солидарност, рече Шолц.сд/

фото:ДПА

Остани поврзан