• среда, 18 декември 2024

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Берлин, 19 април 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека војната во Украина може да се одолговлекува уште неколку години, јави ДПА.

-Никој не може да каже дали оваа војна нема да трае уште пет години, на пример, рече Шолц, вечерва, учествувајќи на форумот „Германија под притисок. Како може да дејствува владината коалиција во новите услови“, организирана од весникот „Фреј прес“ во градот Кемниц.

Шолц ја бранеше владината одлука да обезбеди воена помош за Киев, но додаде дека треба да се развие и дипломатијата.

Меѓутоа, додаде тој, откако почна војната во Украина рускиот претседател Владимир Путин не даде никакви знаци на промена. Мирот наметнат со диктат е неприфатлив, нагласи Шолц.

-Не треба да се дозволи тој да избега од одговорноста, додаде германскиот канцелар, пренесе ДПА. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан