• сабота, 23 ноември 2024

Шолц: Богатите земји остануваат посветени на Украина, планот на Путин не успеа

Шолц: Богатите земји остануваат посветени на Украина, планот на Путин не успеа

Борго Ењација, 13 јуни 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека договорот на Г7 за искористување на замрзнатите руски профити во вредност од околу 50 милијарди долари покажува дека „богатите индустриски земји остануваат посветени на Украина и две години по почетокот на војната“.

-Ова е многу јасна посветеност што треба да ги охрабри Украинците да го направат она што е неопходно за да ја одбранат својата независност и суверенитет, рече Шолц, наведуваат британските медиуми.

Тој додаде дека договорот е „јасен сигнал“ за рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека неговиот план да чека да заврши поддршката на меѓународната заедница за Украина не успеа.

-Ова е историски чекор што го правиме денес, рече Шолц.

Самитот на Г7 беше отворен денеска во Борго Ењација, во јужна Италија, на кој лидерите договорија заем за Украина, а утре папата Франциско ќе присуствува на состанок за вештачка интелигенција. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан