• четврток, 26 декември 2024

Шоле: Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград

Шоле: Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград

Њујорк, 19 септември 2023 (МИА) - Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe денеска побара од Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград, што се води со посредство на ЕУ, со цел нормализирање на односите меѓу двете страни.

Шоле на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека во Њујорк разговарал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, за деескалација на тензиите на Косово  и „итно вклучување во дијалогот што се води со посредување на ЕУ за нормализација на односите со Србија“.

„Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка посветеност на евроатлантската иднина на Косово, потребата од деескалација на тензиите и итен ангажман во дијалогот што се води преку ЕУ со цел нормализирање на односите со Србија – што е клучот за регионалната стабилност и интеграцијата во ЕУ“, рече Шоле. паг/

Фото: Икс (Твитер)

 

Остани поврзан