• четврток, 26 декември 2024

Шмихал: Украина од ММФ под итно доби 1,3 милијарди долари дополнително финансирање

Шмихал: Украина од ММФ под итно доби 1,3 милијарди долари дополнително финансирање
Киев, 13 октомври 2022 (МИА) - Украина доби 1,3 милијарди долари дополнително итно финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, информираше денеска премиерот Денис Шмихал на Телеграм. Како што појасни премиерот, Киев ќе ги искористи парите за да ја зајакне армијата, да им исплати пензии на граѓаните, да поддржи социјални програми и економски мерки. Тој додаде и дека во тек се подготовките за друг пакет помош следната година, откако шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева неодамна зборуваше за дополнителна поткрепа. „Нашето сегашно размислување е дека барањата за финансирање ќе бидат околу три - четири милијарди долари месечно во 2023 година“, подвлече таа во соопштението на ММФ, објавено во текот на вчерашниот ден. бд/сд/

Остани поврзан