Шмихал: Од почетокот на руската инвазија врз Украина оштетени се 15 цивилни аеродроми
- Британските медиуми јавуваат дека Украина, која има 20 цивилни аеродроми, бара начини делумно да го отвори својот воздушен простор, што е целосно затворен од почетокот на војната.
Киев, 30 ноември 2024 (МИА) - Петнаесет украински цивилни аеродроми се оштетени откако Русија го започна нападот врз земјата, на 24 февруари 2022 година, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал, пренесоа локалните медиуми.
Британските медиуми јавуваат дека Украина, која има 20 цивилни аеродроми, бара начини делумно да го отвори својот воздушен простор, што е целосно затворен од почетокот на војната.
Украинците кои сакаат да летаат во странство во моментов мора да користат патен или железнички транспорт до соседните земји. За оние кои живеат на истокот од земјата, патувањето од Украина може да потрае цел ден.
-Направивме проценка на ризикот и ги утврдивме потребите на силите за противвоздушна одбрана за делумно отворање на воздушниот простор, рече Шмихал, пренесе Укринформ.
Премиерот додаде дека безбедносните прашања и воената ситуација се клучни за оваа одлука.
Шмихал додаде дека Русија во изминатите три месеци ја нападна украинската пристанишна инфраструктура речиси 60 пати, оштетувајќи или уништувајќи речиси 300 објекти и 22 цивилни бродови.сд/