• петок, 27 декември 2024

Шмид: Очекувам земјата да ги спроведе сите препораки од ОДИХР за изборите

Шмид: Очекувам земјата да ги спроведе сите препораки од ОДИХР за изборите
Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) - Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид денеска изјави дека секогаш е важно да се спроведат препораките коишто се даваат пред и по изборите и очекува Северна Македонија да ги спроведе сите препораки. Во однос на борбата против корупцијата, таа, одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека е одлично што Северна Македонија учествува во регионалниот проект за мониторинг на судењата за борба против организираниот криминал и корупцијата затоа што овој мониторинг ќе даде индикации за таму каде треба да се зголемат капацитетите. - Уште еден проблем кој влијае врз сите е трговијата со луѓе, проблем којшто се влоши за време на КОВИД-кризата, тоа е поврзано со организираниот криминал и на ова прашање соработуваме со многу држави. Ова не е прашање кое може да го реши само една земја, рече Шмид. Додаде дека борбата против корупцијата е прашање кое што влијае на сите и затоа е од приоритетна важност за ОБСЕ. - Работиме на ова прашање. Имаме програми за многу земји, рече Халга Шмид. мс/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан