• недела, 24 ноември 2024

Шмигал: При руските напади оштетени се 11 инфраструктурни објекти

Шмигал: При руските напади оштетени се 11 инфраструктурни објекти
Киев, 10 октомври 2022 (МИА) - Премиерот на Украина, Денис Шмигал изјави дека се оштетени 11 инфраструктурни објекти во осум региони и во главниот град Киев во денешните руски ракетни напади.

Според ситуацијата во 11 часот, оштетени се 11 важни инфраструктурни објекти во осум региони и градот Киев. Сега некои области се отсечени, потребно е да се подготвиме за привремени прекини на струјата, водоснабдувањето и комуникациите, објави Шмигал на Телеграм.

Украинската армија соопшти дека Русија утрово истрелала 75 проектили во Украина, додека претседателот Володимир Зеленски изјави дека главната цел на руските напади била енергетската инфраструктура на земјата, а втората цел биле луѓето. ми/

Остани поврзан