• сабота, 23 ноември 2024

Шмигал ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство

Шмигал ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство

Киев, 4 март 2024 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства кои се замрзнати во странство, јавија француските медиуми.

-Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал.

„Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан