• понеделник, 30 септември 2024

Шмајхел: Де Хеа неправедно се третира поради последните лоши изданија

Шмајхел: Де Хеа неправедно се третира поради последните лоши изданија
Лондон, 30 јули 2020 (МИА) - Легендарниот голман на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел се спротивстави на сите кои го критикуваат актуелниот голман на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа, за неговите лоши настапи на последните натпревари. - Манчестер јунајтед има добар, млад голман на позајмица во Шефилд. Зборувам за Дин Хендерсон. Тој изгледа ветувачки, но Де Хеа е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, веќе не знам колку години. Сигурен сум во ова. Солскјер го смени стилот на игра на Манчестер јунајтед, а кога се случуваат промени, секогаш грешите. Ако не грешите, нема да можете да научите ништо. Го гледам Де Хеа како главен голман на Манчестер јунајтед со години наназад и мислам дека сега се третира неправедно, изјави Шмајхел. зс/

Остани поврзан