• среда, 25 декември 2024

Шкупи и Ѓока се разделија

Шкупи и Ѓока се разделија

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Maкедонскиот прволигаш Шкупи се раздели со тренерот Ернест Ѓока.

Клубот од Чаир освои само еден бод во првите две кола, а вчерашниот пораз од Гостивар се чини ја прели чашата на раководството.

– Раководството на ФК Шкупи ја објавува одлуката да се раздели со тренерот Ернест Ѓока. По важен период на соработка, двете страни решија да го затворат ова поглавје со целосно разбирање. Клубот изразува благодарност за придонесот на Ѓока и му посакува успех во понатамошната кариера. Во меѓувреме, клубот е веќе посветен на остварување на своите амбициозни цели. Со богата историја и широка база на посветени навивачи, ФК Шкупи има за цел да го задржи позитивниот моментум и да се искачи уште повисоко на фудбалската сцена, објавија од Шкупи.

Тенерска смена денеска имаше и во Вардар. Горазд Михаилов поднесе оставка, па набрзо потоа за нов тренер беше назначен Горан Петрески. дс

Фото: Шкупи

Остани поврзан