• недела, 22 декември 2024

Шкрињар во јуни ќе му се приклучи на ПСЖ

Шкрињар во јуни ќе му се приклучи на ПСЖ

Милано, 1 февруари 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар ќе му се приклучи на Пари Сен-Жермен во јуни оваа година, бидејќи јануарскиот договор пропадна, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, 27-годишниот фудбалер 100% ќе го напушти Интер во јуни бесплатно за да премине во францускиот клуб.

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота потврди дека Шкрињар ќе замине во јуни бесплатно: „Милан го направи изборот, тоа е негово право - и ние мора да го почитуваме“.

Во тековната сезона Шкрињар забележа 27 настапи за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања и има една асистенција. Неговиот договор со клубот е до летото 2023 година. зс/

Остани поврзан