• четврток, 26 декември 2024

Шкријељ: Финансиска поддршка до 10.000 денари за ранливите граѓани во наредните пет месеци

Шкријељ: Финансиска поддршка до 10.000 денари за ранливите граѓани во наредните пет месеци

Скопје, 21 декември 2023

СДСМ се грижи за социјално ранливите сограѓани и со дополнителна финансиска поддршка како дел од 9-ти пакет на антикризни мерки.


Во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци помагаме повеќе за надминување на потешкотиите.


По 2.000 денари месечно во наредните 5 месеци добиваат над 16.000 наши социјално ранливи граѓани.


Финансиска поддршка по 2.000 денари во наредните 5 месеци добиваат корисниците на правото на надомест заради попреченост, посебен додаток, самохрани родители приматели на Гарантиран минимален приход.


Тоа се вкупно 10.000 денари поддршка за наредните 5 месеци.


За оваа финансиска поддршка нема потреба граѓаните да аплицираат, ќе ја добијат директно на сметките.


За ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари исто така обезбедивме финансиска поддршка.


По 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци добиваат  учениците од средно училиште или вкупно тоа се 10.800 денари по ученик.


Учениците од основното образование, добиваат по 1.200 денари  месечно до крајот на школската година или вкупно тоа се 7.200 денари. 
 
Повеќе за сите и поголема поддршка  на учениците од ранливи семејства, грижа за нив и за нивната социјална сигурност.

 

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан