• среда, 18 декември 2024

Шкријељ: Изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални станови низ целата држава

Шкријељ: Изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални станови низ целата држава

Скопје, 13 септември 2023

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите.

Со конкретни мерки и политики, на стотици ранливи семејства ширум државата  им помагаме да решат еден од најголемите животни предизвици -  обезбедување дом.

Изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални станови низ целата држава.  

Во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија,  Демир Капија но и на други места. Изградбата на социјални станови продолжува и во периодот што следи во Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.

Ваквите политики кои ги креираме и коишто ги спроведуваме не дозволуваат да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава и значат обезбедување на домување на сите оние на кои тоа им е потребно а не се во можност.

И оваа година СДСМ со конкретни мерки ќе ги заштити ранлвиите групи граѓани исто како и лани за време на најголемата енергетска и економска криза. Само буџетот на Министерството за труд и социјална политика за развој на  социјални услуги годинава е зголемен за 5,5 милиони евра.

СДСМ во изминатите неколку години драстично ја зголеми и социјалната помош, а преку социјалната реформа ја зголемивме поддршката за лицата со попреченост и нивните семејства.

Воведовме и траен надоместок, наменет за родители на деца со попреченост кои грижејќи се за своето дете со попреченост, не оствариле право на вработување и, последователно, на пензија. Воедно ги ослободивме од партиципација лицата со попреченост, што беше и нивно долгогодишно барање.

Грижата за сите граѓани, социјалната заштита и поддршката во секој период од животот останува приоритет за СДСМ и институциите што ги предводи.

 

Санела Шкријељ, пратеничка

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан