• недела, 17 ноември 2024

Шкотското дерби меѓу Селтик и Ренџерс од идната сезона повторно со гостински навивачи

Шкотското дерби меѓу Селтик и Ренџерс од идната сезона повторно со гостински навивачи

 

Глазгов, 29 март 2024 (МИА) – Навивачите на шкотските фудбалски гиганти Ренџерс и Селтик добија дозвола од идната сезона да купуваат билети за гостувањата на нивните клубови, објави денеска во петокот шкотската професионална фудбалска Лига (СПФЛ).

Гостинските навивачи не беа присутни на неодамнешните дерби натпревари поради спорови околу билетите и безбедноста на навивачите.

Според новата распределба, околу 2.500 навивачи на Селтик ќе можат да го бодрат својот клуб на стадионот „Иброкс“, додека околу 3.000 навивачи на Ренџерс ќе можат да бидат присутни на „Селтик Парк“.

„Ова ќе стапи на сила од сезоната 2024/25 во шкотската Премиер лига, под услов да се исполнат сите неопходни барања и на „Иброкс“ и на „Селтик Парк“, се вели во соопштението на СПФЛ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан