Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата во ПМФЛ, навивачите на тетовчани без почит кон жртвите во Кочани
- Со денешните пет натпревари комплетирано е 25. коло на Првата македонска фудбалска лига по кое Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на второпласираниот Силекс.

Тетово, 31 март 2025 (МИА) – Со денешните пет натпревари комплетирано е 25. коло на Првата македонска фудбалска лига по кое Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на второпласираниот Силекс.
Тетовските „црвено-црни“ забележаа победа над Брера, а сенка на натпреварот фрлија нејзините навивачи кои пееја песни и довикуваа за време на минутата молк за жртвите од трагедијата во Кочани.
Работнички освои три бода и се зацврсти на третата позиција по „киксот“ на Гостивар.
Постигнати резултати:
Гостивар – Воска Спорт 0:2
Работнички – Беса 1:0
Шкендија – Брера 2:1
Силекс – Тиквеш 1:1
Струга – Шкупи 0:0.
Во саботата Пелистер – Вардар 1:3.
Табела: Шкендија 53 бода, Силекс 49, Работнички 48, Гостивар 44, Струга 39, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 22, Воска 22, АП Брера 21 и Беса 21. зс/
Фото: ФК Шкендија