• четврток, 26 декември 2024

Шкендија против сплитски Хајдук во младинската Лига на шампиони

Шкендија против сплитски Хајдук во младинската Лига на шампиони
Нион, 31 август 2021 (МИА) – Македонскиот првак Шкендија ќе игра против хрватскиот претставник Хајдук во 1. квалификациско коло во младинската Лига на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион. Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 20 септември, а реваншот е на програмата на 29 октомври во Сплит. Поуспешниот од пресметката меѓу Шкендија и Хајдук во 2. квалификациско коло, кое ќе се игра на 3 и 24 ноември, за противник ќе го има победникот од двомечот меѓу Даугвалпис од Литванија и белорускиот ФК Минск. За младинците на Шкендија ова ќе биде трето последователно учество во Лигата на шампиони на УЕФА, чие издание минатата сезона беше откажано поради пандемијата на коронавирус, и можност за прв пат да го минат воведното квалификациско коло. ег/зс/

Остани поврзан