• недела, 06 октомври 2024

Шкендија по пенали елиминирана од АИК во квалификациите за Конференциската лига

Шкендија по пенали елиминирана од АИК во квалификациите за Конференциската лига
Скопје, 11 август 2022 (МИА) – Екипата на Шкендија не успеа да се пласира во плејофот на УЕФА Конференциската лига, откако во третото квалификациско коло е елиминирана од АИК Стокхолм. Тетовци вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ против шведскиот тим одиграа 1:1 исто како што беше и на првиот меч во Стокхолм. Во 22. минута капитенот на „црвено-црните“ Ферхан Хасани од пенал донесе водство, АИК изедначи преку Јасин Ајари во 56. минута. Резултатот остана ист и по двете продолженија од по 15 минути, па се пријде кон удари од 11 метри. По изведување на пеналите гостите беа поуспешни со 3:2. За македонскиот тим погодија само Стојановски и Цаке, а Дита, Дориев и Хасани не реализираа. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан