• среда, 25 декември 2024

Шкендија поразена се враќа од Рига во Конференциската лига

Шкендија поразена се враќа од Рига во Конференциската лига
Рига, 22 јули 2021 (МИА) – Македонскиот шампион Шкендија со два гола негатива се враќа од гостувањето во Летонија, откако вечерва загуби од екипата на Рига со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Летонскиот шампион дојде во водство во 13 минута преку Бразилецот Весли Ната, а конечниот резултат го постигна украинскиот интернационалец Јуриј Вакулко во 52 минута. Реваншот во Скопје ќе се игра идниот четврток. Победникот од двомечот меѓу Шкендија и Рига за противник во 3. квалификациско коло во Конференциската лига ќе го има подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернијанс од Малта. ег/сп/

Остани поврзан