• четврток, 26 декември 2024

Шифрин преку аукција на предмети до средства за борба против коронавирусот

Шифрин преку аукција на предмети до средства за борба против коронавирусот
Вашингтон, 26 март 2020 (МИА) - Двократниот олимписки шампион во алпско скијање, Американката Микаела Шифрин изјави дека ќе продолжи да продава свои работи на добротворна аукција. Собраните средства таа ќе ги донира за борбата против коронавирусот. Претходно, Шифрин, на аукција изложи неколку парчиња облека и чаши. Според неа, купувачите биле многу активни, така што на секои неколку дена таа ќе продава нешто друго. За потсетување, најголемиот број спортски настани се прекинати низ целиот свет поради пандемијата. зс/

Остани поврзан