• четврток, 26 декември 2024

Шифрин најбрза на велеслаломот со кој се отвори новата скијачка сезона

Шифрин најбрза на велеслаломот со кој се отвори новата скијачка сезона
Зилден, 23 октомври 2021 (МИА) - Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешниот велеслалом возен во австриски Зилден со кој стартуваше новата сезона од Светскиот куп. Американката двете трки ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути, односно 14 стотинки побрзо од второпласираната Лара Гут-Бехрами. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка која заостана 1,3 секунди. Во првите десет место обезбедија уште и: Линзбергер (Австрија), Твиберг (Норвешка), Хроват (Словенија), Грение (Канада), Ворли (Франција), О’Брајан (САД) и Зиберхофер (Австрија). Машката сезона ќе стартува утре, исто така во Зилден и исто така со трката во дисциплината велеслалом. зс/

Остани поврзан