• среда, 25 декември 2024

Шира: Џенова може да го разреши Шевченко во следните неколку часа

Шира: Џенова може да го разреши Шевченко во следните неколку часа
Рим, 10 јануари 2022 (МИА) - Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко може да добие отказ, објави на Твитер италијанскиот новинар и добар познавач на италијанскито фудбал Николо Шира. Според Шира, Украинецот може да биде отпуштен во следните неколку часа. Раководството на клубот во многу скоро време ќе одлучи за судбината на Шевченко. Оваа информација ја потврдува и сајтот на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. По вчерашниот пораз од Специја (0:1) на домашен терен, клубот за кој настапува Горан Пандев останува во зоната за испаѓање. Тимот има 12 бодови и се наоѓа на 19. место. Под водство на 45-годишниот Шевченко, Џенова никогаш нема ниту една победа во првенството. На девет средби во Серија А има три нерешени и шест порази. Единствената победа ја забележа во Купот на Италија над Салернитана (1:0). зс/

Остани поврзан