• сабота, 23 ноември 2024

Шира: Шевченко ќе биде новиот тренер на Пандев во Џенова

Шира: Шевченко ќе биде новиот тренер на Пандев во Џенова
Рим, 6 ноември 2021 (МИА) - Поранешниот селектор на украинската фудбалска репрезентација Андриј Шевченко ќе потпише договор со Џенова до 2023 година со опција за продолжување на уште една сезона, соопшти новинарот Николо Шира. Тренерот ќе заработува 1,8 милиони евра годишно во Џенова, плус бонуси. Во стручниот штаб на Шевченко ќе бидат Андреа Мулдера и Мауро Тасоти, кои соработуваа со него во репрезентацијата на Украина. Четириесет и петгодишниот Шевченко ја водеше украинската репрезентација од 2016 до 2021 година. Џенова за која настапува Македонецот Горан Пандев, по 12 натпревари во Серија А има само една победа, шест нерешени средби и пет порази и се наоѓа на 17. место на табелата. зс/

Остани поврзан