• вторник, 26 ноември 2024

Шин Бет: Хамас стои зад нападот на контролниот пункт кај Ерусалим

Шин Бет: Хамас стои зад нападот на контролниот пункт кај Ерусалим

Ерусалим, 16 ноември 2023 (МИА) - Израелската разузнавачка служба Шин Бет ги идентификуваше тројцата убиени терористи, кои нападнаа контролен пункт на Западниот Брег, јужно од Ерусалим.

Шест лица се ранети во нападот, соопшти  Шин Бет и додаде дека се тројцата членови на Хамас потекнувале од Хеброн, јави „Тајмс оф Израел“.

Двајца од тројцата убиени се идентификувани како Абед ел-Кадер Кавасме (26), син на Абдалах Кавасме, шефот на военото крило на Хамас во Хеброн, кој беше убиен во 2003 година, и Хасан Мамун Кафиша (28), член на Хамас, чиј вујко бил член на Хамас и протеран во Турција во 2011 година.

Шин Бет соопшти дека сè уште не ја завршиле идентификацијата на третиот терорист, но палестинските медиуми го идентификуваа како Насер Кавасме. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан