• четврток, 26 декември 2024

Шилегов: Суштината на политиката е на луѓето да им понудите програми по кои тие ќе ви ја дадат довербата

Шилегов: Суштината на политиката е на луѓето да им понудите програми по кои тие ќе ви ја дадат довербата
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Суштината на политиката е на луѓето, на граѓаните да им понудите програми, доктрини по кои што тие ќе поверуваат, и откако ќе поверуваат ќе ви ја дадат довербата. Јас сум убеден дека таа доверба ја имам стекнато и дека таа доверба ќе ја задржам токму заради тоа што јас зборувам за Скопје и проблемите на Скопје и скопјани, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов коментирајќи ги обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за неговата имотна состојба. - На почетокот на јуни кажав дека влегуваме во предизборие, сега сме непосредно на почетокот на изборната кампања и тоа е период кога ќе се изнаслушаат скопјани се и сешто за сегашниот и идниот градоначалник на вашиот град. Немам намера да се расправам со нив за овие позиции, ниту да дискутирам за лагите кои што ги пласираат на македонската јавност. Јас би сакал да се соочуваме и тоа е добро за граѓаните, со политики. Не мислам дека на Скопје и скопјани, општо во македонското општество е потребно да се продолжи со делби, прозивки, црни кампањи, рече Шилегов на отворањето на Европската недела на мобилност 2021. Тој истакна дека неговиот фокус во минатото, сега и во иднина ќе биде градот Скопје, интересите на скопјани и интересите кои што ги има градот како стратешки политики за неговиот развој. - За мене е многу битно, ако навистина сакаме да го заздравиме општеството, и ВМРО-ДПМНЕ да почне да се занимава за Скопје Јас разбирам дека на нив им е многу тешко да излезат со чисто лице пред скопјани, затоа и се кријат позади таканаречени независни кандидати, затоа што 27 години владееја со овој град и последиците во кои што живееме се последици од нивниот вулнетаризам, незнаење, неразбирање како се води еден град, рече Шилегов.фф/са/

Остани поврзан