• четврток, 26 декември 2024

Шилегов: Субвенции за 30 илјади велосипеди и четири милиони евра за инвертер клими во следниот мандат

Шилегов: Субвенции за 30 илјади велосипеди и четири милиони евра за инвертер клими во следниот мандат
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно четири милиони евра за наредните четири години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше на денешната прес-конференција кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов. Најави дека во следниот мандат предвидуваат и субвенции за 30 илјади велосипеди. - Град Скопје во изминатите четири години ги насочи средствата на скопјани во финансиска поддршка за проекти и субвенции кои дадоа одличен резултат во делот на намалување на загадувањето и здравите животни навики. Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење. За четири години доделивме 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети. Во рок од еден мандат, преку субвенции стимулиравме пет илјади домаќинства да ги заменат нееколошките грејни тела со еколошки. 5000 оџаци помалку чадат во Скопје благодарение на оваа поддршка, рече Шилегов. мс/бк/

Остани поврзан