• среда, 25 декември 2024

Шилегов: Скопје не е партиско, туку на граѓаните

Шилегов: Скопје не е партиско, туку на граѓаните
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - После првиот круг излеговме и стоиме овде пред вас да ви кажеме дека го сфативме гневот, ја сфативме пораката. Подготвени сме да ги извршиме сите промени кои се неопходни во нашата држава, во нашиот град, во нашата општина. Но, за да можеме да дојдеме до тоа треба да го зачуваме Карпош, порача вечерва градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. На вечерашната трибина под мотото „Обединувачки за Карпош“, Шилегов истакна дека преземале смели чекори, кои, како што кажа, гарантираат дека Скопје четири години од сега ќе биде една поинаква успешна приказна. - Дека Скопје ќе биде модерен и европски град, град во кој силно се развива инфраструктурата, град во кој силно се развива јавниот простор, град во кој се слуша гласот на граѓанинот затоа што граѓаните сте вие - над политиката. Вие луѓето сте оние кои што коишто се важни, луѓето се тие заради кои всушност ние постоиме и работиме, истакна Шилегов. Тој посочи дека Скопје не е на ниту една политичка партија, како што кажа „Скопје е на вас, граѓаните, на градот Скопје“. - Визијата која што ја имам јас за Скопје е визија за навистина модерен европски град. Го градиме коридорот од Аеродром, знаете и сами, мостот е готов. Го градиме тунелот под Лимак. Знаете и го видовте. Во оваа кампања го криевме затоа што не се фалиме, наша работа е ние навистина да го градиме. Затоа нè одбравте – да го развиваме градот. Го градиме мостот во Карпош 4, конечно после 40 години распишан е тендерот за бас рапид транзит, државен проект, потпомогнат од Владата, посочи Шилегов. Потенцираше дека овие четири години изградиле сплотеност и сигурност и ги повика граѓаните на 31 октомври да гласаат за, како што кажа „Скопје да не запре“.ар/лв/  

Остани поврзан