• среда, 13 ноември 2024

Шилегов: Сите проекти што ги нудиме се во рамки на буџетските можности на Град Скопје

Шилегов: Сите проекти што ги нудиме се во рамки на буџетските можности на Град Скопје
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Сите проекти што ги нудиме во програмата се прецизно пресметани и се во рамки на буџетските можности што ги има Град Скопје, изјави вечерва актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. - Ние во текот на кампањата пред првиот изборен круг со градоначалниците потпишавме меморандум, се надевам тој ќе остане на сила и со новите, бидејќи имаме прецизна бројка од околу 2.000 дечиња кои посетуваат градинки. Го имаме искалкулирано вкупниот трошок. Тој не би требало да е поголем од 900 илјади евра годишно. Имаме вкупно околу 2.400 студенти и постдипломци, докторанти, што е искалкулирана и таа математика е направена, го имаме приходот во ЈСП што се реализира по однос на продажба на пенизонерски карти, така да ова се одржливи категории. Никогаш не сум реализирал нешто што не е изводливо, рече Шилегов во интервју за „Топ тема“. Во одговор на прашање, Шилегов рече дека пари кои влегуваат во буџетот на Град Скопје се блок дотации. Владата, вели, не финансира тековна инвестициона активност на Град Скопје. Прашан дали смета дека ја навредил неговата противкандидатка Данела Арсовска, Шилегов рече дека со ништо не ја навредил и додаде дека бегањето од дебата го потсетува на некои други времиња. - Мене ме потсеќа на други времиња, кога имаше недостатокот на дебата. Круна на демократијата е дебатата. Не станува збор за навреда, туку станува збор за тоа дека се сериозно свесни во штабот на Арсовска дека кога доаѓаме тет-а-тет, целосно ќе се разобличи тоа што како флоскули се наведува во кампања, рече Шилегов, додавајќи оти е навредливо за скопјани двајцата главни кандидати да не го видат судирот на концептите. мс/нд/  

Остани поврзан