• среда, 13 ноември 2024

Шилегов: Сарај се развива во чекор со сите други скопски општини

Шилегов: Сарај се развива во чекор со сите други скопски општини
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) –  Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вечерва одржа средба со граѓаните од повеќе населени места во Општина Сарај, на која говореше за она што досега е сработено во оваа општина, како и за тоа што се очекува во новиот мандат. Шилегов истакна дека биле инвестирани 50 милиони денари во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП „Улици и патишта“. -Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациската мрежа во висина од пет милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште, кажа Шилегов. Тој посочи дека изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. - Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје не смее да запре, рече Шилегов. свс/дма/  

Остани поврзан