• среда, 25 декември 2024

Шилегов: Зошто Арсовска продолжува да ја лаже јавноста дека нема бугарско државјанство

Шилегов: Зошто Арсовска продолжува да ја лаже јавноста дека нема бугарско државјанство
Скопје, 27 октомври 2021 Имав прилика денеска да ги видам информациите во медиумите и искрено многу непријатно се изненадив, коментира актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов по објавата на СДСМ дека неговата опонентка Данела Арсовска имала бугарско државјанство. – Не толку поради фактот дека има бугарско државјанство, за кое ако сакате да го добиете треба да се изјасните како Бугарин/Бугарка. Како се чуствува по националност и зошто и како земала државјанство, тоа е нејзина работа. Но она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани е прво, зошто не ја кажува вистината во јавноста и второ зошто продолжува да ја лаже јавноста околу овој очигледен факт. Прашањето е за што уште не ја кажувала вистината и за што уште што кажа во кампањата е лага? Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник, очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое сега треба да си го постават и граѓаните и медиумите, вели Шилегов. Петре Шилегов, актуелен и кандидат за градоначалник на Град Скопје _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан