• среда, 18 декември 2024

Шибеник: Туристи од Тајван носеле натписи „Не сме од Кина“

Шибеник: Туристи од Тајван носеле натписи „Не сме од Кина“
Загреб, 27 јануари 2020 (МИА) - Во центарот на Шибеник денеска минувале туристи од Тајван, носејќи натпис напишан на англиски јазик „Не сме од Кина“ (Not from China). Тоа се случило поради страв од ширењето на коронавирусот, кој потекнува од Кина. Водачот на групата туристи од Тајван изјавила дека една жена во центарот на градот го ставила капутот преку устата и носот кога поминала покрај нив, а вчера децата во Задар бегале од тајванските туристи. Исто така, и гостите од Тајван прашувале дали во Хрватска ќе сретнат групи од Кина, бидејќи и тие се плашеле од смртоносниот вирус. гт/

Остани поврзан