• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шејнбаум: Мексико има резервен план доколу Трамп утре воведе царини

Шејнбаум: Мексико има резервен план доколу Трамп утре воведе царини

Мексико Сити, 3 март 2025 (МИА) - Мексико има резервни планови во случај од утре да стапат на сила американските царини што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.

Британските медиуми ја пренесуваат во ставот дека Мексико е подготвено за секоја одлука на САД.

-Имаме план Б, Ц, Д, рече Шајнбаум, без да елаборира за плановите.

Мексиканските власти минатата недела се состанаа со нивните американски колеги во Вашингтон за да разговараат за трговската и безбедносната политика, како дел од напорите на Мексико да го спречат наметнувањето на царините.

Трамп ги обвини Мексико и Канада дека не прават доволно за да го запрат протокот на синтетички дроги, како што е фентанилот, и пристигнувањето на мигрантите на границата со САД, и вети огромни царини доколку земјите не ги решат проблемите.

Шајнбаум ги опиша состаноците во Вашингтон како „срдечни“ и рече дека координацијата со САД досега била многу добра.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан