• петок, 27 декември 2024

Шешељ: Се надевам дека Бугарија и Романија ќе се ослободат од НАТО

Шешељ: Се надевам дека Бугарија и Романија ќе се ослободат од НАТО

Белград, 6 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој е осуден за воени злосторства, изјави дека се надева дека Бугарија и Романија ќе се ослободат од „оковите на НАТО“ и ќе се здружат со своите словенски браќа, пренесува српскиот весник „Новости“.

„Русија ја ослободи цела Бугарија. Денес немаше да постои Бугарија ако руската војска не гинеше за неа. Од сите балкански земји, само Србија се ослободи првенствено со свои сили. И добивме голема руска помош. Во двете српско-турски војни имаше десетици илјади руски доброволци“, изјави Шесењ за ТВ Хепи.

Тој истакна дека би сакал Бугарите и Романците да опстанат.

„Би сакал Србите да го обноват пријателството со Бугарите и да ги заборават светските војни во кои Бугарите беа на спротивната страна“, изјави лидерот на српските радикали.

Во 2018 година, на апелативна инстанца Шешељ беше осуден од Механизмот за меѓународни кривични трибунали, кој ги презеде случаите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, на 10 години затвор за воени злосторства, но беше ослободен бидејќи веќе одлежал речиси 12 години во истражен затвор. Тој е поддржувач на идејата за „Голема Србија“. На последните локални избори учествуваше заедно со Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан