• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефчович: Да се погрижиме трговијата да функционира врз систем заснован на правила 

Шефчович: Да се погрижиме трговијата да функционира врз систем заснован на правила 

Луксембург, 7 април 2025 (МИА) - Позиционирањето на Европа во услови на променета парадигма во глобалниот трговски систем, ќе биде главна тема на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри задолжени за трговија, информира еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович во изјава при пристигнувањето на денешната министерска средба во Луксембург. 

- Мора да се осигураме да ги забрзаме преговорите за слободна трговија со остатокот од светот и да се погрижиме дека овие 87 отсто од трговијата се уште функционираат врз систем заснован на правила, почитувајќи ги механизмите на Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и на сите оние правила кои добро функционираа со децении, рече Шефчович. 

Тој најави дека ќе ги информира министрите за тековните контакти со американските партнери за изнаоѓање решение околу царините, како и за резултатите од неговата минатонеделна посета на Кина. 

- Ќе се фокусираме на следните чекори, како да го подготвиме нашиот следен потег во однос на САД, но исто така и како да го подготвиме трговскиот систем во Европската Унија за да спречиме евентуално пренасочување на трговијата и како да се осигураме дека ќе обезбедиме поддршка и услуги за европските компании во оваа многу тешка ситуација, додаде Шефчович. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан