• среда, 25 декември 2024

Шефот на ЦИА се очекува во Париз во обид да започне нови разговори за прекин на огнот во Газа

Шефот на ЦИА се очекува во Париз во обид да започне нови разговори за прекин на огнот во Газа

Париз, 24 мај 2024 (МИА) - Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, се очекува денеска или утре во Париз да се обиде да ги обнови разговорите со Израел за прекинот на огнот во Газа, јавија француските медиуми.  

Израел вчера даде зелено светло за продолжување на преговорите со цел ослободување на заложниците во Газа. Преговорите за примирје, кои индиректно се водат со палестинскиот исламистички Хамас, со месеци не даваат резултати. Западен извор делумно ја потврди информацијата што претходно ја објавија американските медиуми.  

Според американската веб-страница Аксиос, шефот на ЦИА Вилијам Барнс треба да дојде во Европа „во наредните денови“ за да се сретне со шефот на Мосад, израелската тајна служба и премиерот на Катар во обид да ги обноват преговорите.

Според Њујорк Тајмс, не е сигурно дека катарските и египетските преговарачи директно ќе учествуваат во планираните разговори меѓу Барнс и неговиот израелски колега Дејвид Барни.

На крајот на јануари, Барнс и високи претставници од Египет, Катар и Израел, наводно, се состанале во Париз за да разговараат за договорот за прекин на огнот во војната во Газа. На почетокот на мај, индиректните разговори меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар, Египет и САД, не постигнаа договор за прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците и палестинските затвореници кои ги држеше Израел. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан