• недела, 24 ноември 2024

Шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман во Скопје

Шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман во Скопје
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатска обука, по што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, вечер во Филхармонијата ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија, по што ќе се одржи и пригоден прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска.

Министерот Грлиќ Радман утре ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16-18 јуни во Охрид. вг/са/

 

Остани поврзан