• четврток, 26 декември 2024

Шефот на украинското воено разузнавање продолжува да се залага за германски ракети Таурус

Шефот на украинското воено разузнавање продолжува да се залага за германски ракети Таурус

Киев, 7 април 2024 (МИА) - Шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов се уште се надева дека Германија ќе се премисли и ќе испрати проектили со долг дострел Таурус во Киев, јави ДПА.

Киев одамна ги побара овие ракети за да ја зајакне својата одбрана од руска инвазија.

„Таурус дефинитивно ќе ни го олесни животот“, рече шефот на Воената разузнавачка служба (ГУР) во интервју за германската телевизија А Ер Де, што беше емитувано денеска.

„За да се погодат командните центри, да се погодат некои важни цели, потребно е одлично оружје“, рече тој.

Според Буданов, мостот што го поврзува рускиот анектиран црноморски полуостров Крим со копното, исто така, останува важна цел за Украина.

„Мостот е силно чуван и бранен. Но, сите работат на тоа прашање“, додаде тој.

Шефот на военото разузнавање ја потврди и информацијата дека Украина на пролет и лето очекува нова руска офанзива, особено во регионот на Источен Донбас. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан