• недела, 17 ноември 2024

Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје

Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата. Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка. Во рамки на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград. об/вг/

Остани поврзан