• среда, 18 декември 2024

Шефот на Ред бул: Цунода и Лосон се кандидати да го заменат Перез

Шефот на Ред бул: Цунода и Лосон се кандидати да го заменат Перез

Милтон кинс, 14 декември 2024 (МИА) - Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го даде најјасното навестување досега за потенцијалните наследници на Серхио Перез доколку тој одлучи да го напушти тимот во 2025 година.

Во првите пет трки од сезоната, Перез четири пати беше на подиумот. Сè друго беше вистинско мачење. Од седмата трка (Имола) до последната (Абу Даби) освои 49 бода - помалку отколку што освои во првите четири.

Ова во голема мера придонесе Ред Бул да заврши зад Мекларен и Ферари во трката кај конструкторите, но и да почнат гласините дека Перез и Ред Бул можат многу брзо да се разделат.

Иако во јуни доби двегодишно продолжување на договорот, Перез би можел да си замине пред почетокот на следната сезона, а Кристијан Хорнер сега првпат ги спомна неговите потенцијални замени.

Така Ред Бул би избрал помеѓу актуелните возачи на тимот на РБ - Јуки Цунода и Лиам Лосон.

-Мислам дека Лиам, во предизвикувачки околности, заврши многу добра работа. Ако анализирате што направи во времето што го имаше, мислам дека беше навистина одличен. Исто така, мислам дека Јуки добро си ја врши работата“, рече Хорнер и додаде: „Доколку Чеко си замине, тие двајца ќе бидат кандидати да го заменат“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан