• среда, 27 ноември 2024

Шефот на НАТО ја истакна важноста од проширување на соработката со Индо-пацификот

Шефот на НАТО ја истакна важноста од проширување на соработката со Индо-пацификот

Вашингтон, 19 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја истакна важноста од проширување на соработката меѓу западната воена алијанса и партнерите во Индо-пацифичкиот регион, во однос на посетата на Северна Кореја на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.

-Посетата на Путин на Северна Кореја ја покажува и потврдува многу блиската усогласеност меѓу Русија и авторитарните држави како Северна Кореја, но и Кина и Иран, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера во Вашингтон.

Ова, како што додаде тој, „покажува и дека нашата безбедност не е регионална, туку глобална“.

-Она што се случува во Европа е важно за Азија, а она што се случува во Азија е важно за нас, рече Столтенберг.

Столтенберг, исто така, ја истакна загриженоста за потенцијалната поддршка на Москва за Пјонгјанг „кога станува збор за поддршка на нивните ракетни и нуклеарни програми“, нагласувајќи дека ова е уште една причина за зајакнување на соработката со партнерите во индо-пацифичкиот регион.

Путин синоќа пристигна во Северна Кореја во дводневна државна посета на Северна Кореја. Лидерот на Кремљ беше примен на аеродромот од севернокорејскиот владетел Ким Џонг Ун, јавија руските медиуми. 

Според набљудувачите, лидерите меѓу другото ќе разговараат и за испорака на оружје од Пјонгјанг. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан