• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на Ла Лига верува дека шампионатите ќе продолжат во мај

Шефот на Ла Лига верува дека шампионатите ќе продолжат во мај
Мадрид, 18 март 2020 (МИА) -Шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, верува дека европските клупски фудбалски првенства можат да бидат продолжени кон средината на мај. Причината за оваа изјава е ширењето на КОВИД-19 во Европа и во целиот свет. - Во средината на мај можеме да се вратиме на европските клупски првенства и турнири. Станува збор за сите. Треба да се приспособиме и со ширењето на пандемијата. Можно е да биде и пред тоа, но сè треба да биде добро усогласено. Зависи од здравствените власти, а ние не сакаме да правиме големи промени. Во оваа ситуација, опциите не се толку многу. Ние, исто така, немаме начин да направиме долгорочни планови“, изјави денеска Тебас за „Марка“.

Тагови

Остани поврзан