• петок, 08 ноември 2024

Шефот на Командата на НАТО во Неапол, Мунш во Приштина на средба со премиерот Курти

Шефот на Командата на НАТО во Неапол, Мунш во Приштина на средба со премиерот Курти

Приштина, 27 август 2024 (МИА) – Командантот на Сојузничката здружена команда (СЗК) во Неапол, американскиот адмирал Стјуарт Мунш, кој допатува денеска во Косово, се сретна попладнево со косовскиот премиер, Албин Курти, со кого разговарал за активностите на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, во функција на обезедувањето сигурност во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од Командатата на Алијансата во Неапол по средбата на адмиралот Мунш со косовскиот премиер, се наведува дека разговорот бил „фокусиран на активностите на КФОР за поддршка на одржливата безбедност за сите заедници“ и за поддршката на НАТО за дијалогот меѓу Косово и Србија, што се води со посредство на Европската унија.

„Командантот на СЗК Неапол, адмиралот Стјуарт Мунш, денеска се сретна со г. Курти во Приштина, Косово. Денешните дискусии се фокусираа на активностите на КФОР за поддршка на одржливата безбедност за сите заедници низ Косово и поддршката на НАТО за дијалогот олеснет од ЕУ меѓу Белград и Приштина, се вели во соопштението од командата на НАТО.

Во текот на денот, Мунш се сретна и со командантот на КФОР, Озкан Улуташ, а телефонски разговарал и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, која, како што соопшти нејзиниот кабинет, поради нејзината моментна здравствена состојба не можела да го пречека во канцеларијата.иа/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан