• четврток, 26 декември 2024

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател пристигна во САД за да разговара за мировната формула на Зеленски

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател пристигна во САД за да разговара за мировната формула на Зеленски

Киев, 13 ноември 2023 (МИА) - Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пристигна во САД за да разговара за формулата за мир предложена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и за зајакнување на украинската одбрана.

„Ќе имам средби во Белата куќа, во Конгресот, во аналитички центри, со претставници на јавни организации. Мировна формула на претседателот, зајакнување на одбраната на Украина, сеопфатно продлабочување на соработката и многу други важни теми“, напиша Јермак, наведувајќи го списокот на теми на агендата на неговата посета.

Тој објави дека пристигнал во САД како дел од украинската делегација предводена од Јулија Свириденко, заменик премиерка на Украина и министерка за економија.

Шефот на претседателскиот кабинет им се заблагодари на украинските партнери за поддршката.

Во вчерашниот телефонски разговор Јермак и советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан разговарале за потребата од навремена испорака на оружје и муниција за ефикасна одбрана од руските напади. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан