• недела, 24 ноември 2024

Шефот на италијанската дипломатија Тајани ја откажа посетата на Париз поради навредите на француски министер Дарманин за премиерката Мелони

Шефот на италијанската дипломатија Тајани ја откажа посетата на Париз поради навредите на француски министер Дарманин за премиерката Мелони

Рим, 4 мај 2023 (МИА) – Шефот на италијанската дипломатија,  Антонио Тајани, денеска ја откажа посетата на Париз поради коментарите на францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, за италијанската премиерка Џорџа Мелони, кои ги оцени како неприфатливи навреди за Италија.

Францускиот министер претходно за радио RMC кажа дека италијанската премиерка Мелони „не е во состојба да го реши проблемот со миграцијата, врз основа на кој е избрана“.

Британскките медиуми пренесуваат дека Дарманин ја обвини Мелони дека ги „лажела“ своите гласачи дека може да стави крај и да ја реши мигрантската криза.

Тајани се подготвуваше да отпатува во Париз за да разговара со својот француски колега околу подобрувањето на односите меѓу двете земји, кои станаа нестабилни.

Франција веднаш излезе со соопштение во кое се обиде да го увери Рим во неговата подготвеност за блиска соработка, но тоа не беше доволно за да го убеди Тајани да се качи во авион и да лета за Париз.

„Навредите кон Владата и Италија изречени од министерот Дарманин се неприфатливи. Ова не е духот во кој треба да се решаваат заедничките европски предизвици“, напиша Тајани на Твитер.

Италија бележи зголемување на бројот на мигранти откако Мелони ја презеде функцијата кон крајот на минатата година. Повеќе од 42.400 мигранти пристигнаа во Италија од почетокот на годината, наспроти околу 11.220 во истиот период минатата година. сд/

Остани поврзан