• петок, 10 јануари 2025

Шефот на израелската дипломатија го поздрави изборот на Аун за претседател на Либан

Шефот на израелската дипломатија го поздрави изборот на Аун за претседател на Либан

Ерусалим, 9 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, денеска го честиташе изборот на Џозеф Аун за претседател на Либан по повеќе од две години во текот на кои оваа позиција беше испразнета во услови на сериозна политичка криза.

Сар на платформата X изрази надеж дека изборот ќе придонесе за зајакнување на стабилноста, подобрата иднина за Либан и неговите жители и добрососедските односи.

Аун ја има поддршка од САД, Саудиска Арабија и Франција, а неговиот избор се смета за предуслов за целосно повлекување на израелската армија од јужен Либан по војната со либанскиот проирански Хезболах, јавуваат израелските медиуми.

Во својот прв постизборен говор, Аун на либанските пратеници им рече дека ќе се погрижи државата да има ексклузивно право да носи оружје.

Неговите зборови се сметаат за дел од алузија на арсеналот на Хезболах, движењето кое  јавно не го коментираше изборот на воениот командант за претседател, пренесуваат израелските медиуми.

Пред Израел да нанесе серија тешки удари врз оваа екстремистичка организација, таа акумулираше повеќе оружје од либанската армија и ја презеде контролата врз јужниот дел на земјата со што ја прекрши резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, коментираат израелските медиуми.сд/

Остани поврзан