• среда, 25 декември 2024

Шефот на дипломатијата на Израел пристигна во Бахреин, пречекан од демонстранти

Шефот на дипломатијата на Израел пристигна во Бахреин, пречекан од демонстранти
Манама, 30 септември 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид денеска пристигна во Бахреин на отворање на првата амбасада на својата земја, една година по потпишувањето на договорот за нормализација на односите меѓу еврејската држава и малото кралство во Заливот. За време на првата официјална посета на израелски министер, ќе бидат потпишани и билатерални договори и тој ќе се сретне со својот колега од Бахреин. По неговото пристигнување, бахреинската авиокомпанија „Галф ер“ (Gulf Air) ја отвори првата официјална авиокомпанија помеѓу Манама и Тел Авив. Демонстрантите запалија гуми за автомобили во близина на главниот град во знак на протест против посетата, бидејќи голем дел од општеството во Бахреин се противи на нормализирање на односите со Израел и ги поддржува палестинските цели. На 15 септември 2020 година, Бахреин потпиша договор за воспоставување официјални односи со Израел, истиот ден со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Двете монархии беа првите арапски земји што признаа еврејска држава по Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година. Израел, исто така, се согласи да воспостави односи со Мароко и Судан. паг/    

Остани поврзан